Премиер лигата во Дубаи лош спомен за македонските каратисти

И денешниот ден на Карате 1 Премиер лигата во Дубаи, Обединетите арапски емирати (ОАЕ), не донесе радосни вести за македонските каратисти, Жарко Арсовски (+84 кг) и Моника Стефановска поминаа по едно коло, но не добија шанса за репасаж.  

Македонија настапи со 11 каратисти меѓу 769 натпреварувачи од 410 клуба од 86 земји.

На Премиер лигата настапуваат најдобрите свестки каратисти од ВКФ ранг листата,  односно првите 50, а останатите 14 се дополнуваат од првите 100-мина на листата. Настапите се значајни за собирање на бодови за олимписка норма за Олимпсиките игри во Токио 2020 година, кога овој спорт ќе дебитира во олимпијадите.

Резултати
-61 кг
Наташа Стефановска – Ингрида Шучанкова (Словачка) 1-6
-68 кг
Моника Стефановска– Даниела ван Вик (Јужна Африка) 1-0
Моника Стефановска -Силвија Семераро (Италија) 0-2
-84 кг
Берат Јакупи – Игор Чихмарев (Казахстан) 0-1
Виктор Крстевски – Барбод Седагатеакнтапех (Иран) 1-3
84 кг
Жарко Арсовски – Алмир Цецуњанин (Црна Гора) 0-0
Жарко Арсовски – Лони Булесане (Франција) 4-6

Ipon.mk

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON