Македонија ќе настапи 14 каратисти од повеќе клубови на вториот турнир од Карате 1 Премиер лига Опен Дубаи 2018 во Дубаи, ОАМ. Турнирот почнува утре, а завршува во недела, со настап 629 (638) натпреварувачи од 219 клуба од 74 земји.
На првиот турнир во Париз, како и на турнирот на Карате 1 Серија А во Гвадалахара, останавме без забележителен настап, односно совојување на медал. Ако се има во предвид дека и минатата година на три турнири немавме успех, прашање е дали Дубаи ќе биде пресвртница во настапите на Премиер лигата, поради тоа што се собрираат поени за Олимписките игри во Токио 2020 година кога каратето ќе дебитира на најголемиот светски собир на спортистите.
Од Македонија на Карате 1 Премиер лигата во Дубаи ќе настапат Пуликсенија Јованоска (60 натпреварувачи) во кати, а во борби -50 кг – 46 натпреварувачи Сара Радичевска, -55 кг – 53 Симона Заборска и Јована Георгиева, -61 кг – 47 Наташа Стефановска, -68 кг – 40 Моника Стефановска, 60 кг – 48 Емил Павлов, 67 кг – 64 Ненад Келебиќ, -75 кг – 61 Ферат Корбулиќи, Енес Смаилагиќ и Петар Заборски, -84 кг -52, Берат Јакупи, +84 кг – 44 Мартин Несторвски и Жарко Арсовски.
Ipon.mk