Мексиканскиот боксер Канело Алварез ја коментираше потенцијалната борба против Теренс Крафорд, кој во средата беше информиран дека неговата следна борба мора да биде против Себастијан Фундора.
На почетокот на август Бад со едногласна одлука го победи Израел Мадримов и ја освои титулата на ВБА во супервелтер категорија.
Следен противник на Крафорд би требало да биде Фундора, кој во март со поделена одлука го победи Тим Цју во меч за титулите на ВБО и ВБЦ во истата дивизија.
И Крафорд покажа интерес за борба со апсолутниот шампион во суперсредна категорија во последните месеци, а Мексиканецот не ја исклучува можноста за таа голема борба.
Но, тој меч би се одржал во категоријата од 72,6 до 76,2 килограми, а Бад по искачувањето во супер-велтер категорија би требало да помрдне уште најмалку 6,5 килограми.
Следниот меч на Алварез е на 14 септември против Едгар Берланга, а деновиве потврди дека е отворен за договор за борба со Крафорд.
„Не би ја исклучил само така од мечот против Крафорд. Таа борба лесно може да се случи и не е важно кога, редоследот воопшто не е важен“, изјави Канело Алварез.