Прмоторот Еди Херн неодамна изјави дека евентуалниот боксерски судир меѓу лутите ривали Канел Алварез и Генади Головкин во септември би бил нешто посебно, бидејќи тие „не можат да се поднесат еден со друг“.
Но, сè уште е далеку од таа борба, бидејќи Канело во мај треба да го победи Дмитри Биволј, а еден месец порано ГГГ мора да го победи Риоту Мурата.
Канело и Головкин досега двапати се бореа. Нивниот прв меч во септември 2017 година заврши нерешено, а една година подоцна славеше Канело со мнозинска одлука на судиите.
Головкин неодамна изјави дека само измамените мислат дека мексиканската ѕвезда навистина го победила, а Канело не ја пропушти таа изјава.
Мексиканецот вели дека лично ја сфаќа нивната можна трета борба.
„Зборуваше многу гомнарии и ќе плати за тоа. Тоа е лично“, изјави Канело.
Но, пред можната трилогија со Головкин, Мексиканецот ќе се соочи со уште еден опасен противник – Дмитри Бивол, сопственикот на појасот на ВБА во полутешка категорија.
„Го избрав Бивол затоа што е голем борец“, истакна Канело и додаде:
„Тој е најдобриот полутешкаш, а јас сакам да се борам со нив и да заминам во историјата. Тој е одличен и знае што да прави во рингот. Знам каков борец е, но не ми е грижа. Јас сум во моите најдобри години и се чувствувам добро“.