Сол Алварез (51-1-2, 35 КО) е новиот „регуларен“ ВБА шампион во суперсредна категорија.
28-годишниот Мексиканец во првата борба на оваа тежина пред повеќе од 20.000 гледачи во њујоршкиот Медисон сквер гарден го нокаутира Роки Филдинг (27-2, 15 КО) во третата рунда.
Канело не губеше време и многу повисокиот противник го соборуваше четири пати на патот до победа во третата рунда.
Алварез ги собори Британцот со лево кроше во телото во првата и во втората рунда, со десницата во глава во третата и со едно кроше во телото ја заврши работата.
Тековен ВБА „супер“ шампион во оваа категорија е Калум Смит.
Се очекува Канело да се врати во средна категорија по оваа борба.
https://www.youtube.com/watch?v=6MLyEK3VL64
.