Сoл Алварез – Канело е убеден дека победата против Генади Головкин ќе ги засени сите приказни кои му претходеа на реваншот.
По нерешниот резултат во првиот меч, новата средба во рингот е закажана на 15 септември, повторно во Лас Вегас. Борбата првично беше закажана за мај, но Алварез беше позитивен на допинг тестот. Доби шестмесечна ретроактивна суспензија од Спортската комисија на Невада.
28-годишниот Канело цело време останува на неговата приказна дека за позитивниот резултат е виновна употребата на контаминирано месо.
„Комисијата знае што се случило. Тие се уверени дека не постоела намера и затоа ми дадоа мала казна. Тие знаат“, изјави за Лас Вегас ревју.
„Кога бев во Мексико застанав на уличен агол и изедов такоси (tacos). Може да застанам којабило локација и да јадам такос. Тоа што имам пари не значи дека не може да застанм на одредени места и нешто да јадам. Не сум виновен заради тоа. Јас сум обичен човек и сум личност која израснала сиромашно и не може тоа да го променем само затоа што сега имам пари“.
„Никој нема да зборува за ова по 15 септември. Ќе го победам“.