Еден од најдобрите боксери во светот Канело Алварез викендов се бори против Дмитри Бивол во Лас Вегас.
Мексиканската ѕвезда ја освои суперсредната категорија и сега сака да владее и со полутешката категорија. Првата пречка на патот е непоразениот Русин Дмитри Бивол, сопственик на шампионскиот појас на ВБА.
„Различен сум од сите противници со кои се борел Канело досега, брз сум и силен. За него оваа борба ќе биде поинаква отколку што ги имал досега“, истакна Дмитри Бивол.
Но, Канело покажа дека сака предизвици, па покажа интерес за борба против тешкашите и против шампионот Александр Усик.
Мексиканецот има желба да боксира против Украинецот, но под услов противникот да не тежи повеќе од половина килограм од границата на категоријата крузер (91,2 кг).
Ова е категорија која и двајцата би можеле да ја задоволат, бидејќи Канело се бори против Бивол во категоријата до 79 килограми и лесно можел да добие неколку килограми мускулна маса.
Во поголемиот дел од својата кариера Усик боксираше во полутешка категорија, каде што еднаш ги обедини титулите и стана апсолутен светски шампион.