Светскиот боксерски шампион во средна категорија, Сол Алварез – Канело, има намера да стане шампион во три тежински категории. Тоа е причината да ја прифати борбата против шампионот во суперсредна категорија Роки Филдинг.
„Силен боксер е. Висок е, со долги раце. Навикнат е да боксува против ривали од други категории. Има ризик, но правам се што е возможно, за да ги избегнам изненадувањата. Нема лесни мечеви. Не е тајна дека сум подобриот боксер. Имам повеќе искуство. Но секогаш постои ризик, кога се борам против светски шампион од друга категорија. Ја прифатив оваа борба, затоа што сакам да се наредам меѓу легендите кои се шампиони во три категории“.
.