Канело повторно е апсолутен светски шампион, Баколе и Ајагба нерешено

Мексиканската боксерска суперѕвезда Канело Алварез (63-2-2, 39 КО) повторно стана нерикосновен светски шампион во суперсредна категорија.

По 12 рунди на настанот „Фатален бес “ во Ријад, Канело со едногласна одлука го победи одличниот Кубанец Вилијам Скул (23-1, 9 КО).

По мечот, Турки Алалших, раководител на спортски и забавни настани во Саудиска Арабија, ја објави „борбата на векот“ за септември меѓу Канело Алварез и Теренс Крофорд, кој се појави на рингот.

„Крофорд е еден од најдобрите и сакам да го делам рингот со таков борец. Ќе биде задоволство“, рече Канело, а Крофорд додаде:

„Сите ја бараат оваа борба и сè се случува со причина. Постои причина зошто сум тука. Ќе му покажам на светот како изгледа еден голем борец“.

А за да се случи тој меч, мексиканскиот борец мораше да го победи Скул. Канело ја изведе рутината и стигна до триумфот во мечот во кој сите тројца судии пресудија во негова корист (115-113, 116-112, 119-109).

Мексиканецот повторно покажа врвен квалитет и рутински стигна до триумфот. Кубанскиот борец се движеше многу низ рингот и имаше речиси двојно повеќе обиди, но неговите удари беа непрецизни.

Канело не направи многу во оваа борба, но она што го направи беше повеќе од она што го покажа Скул, кој претежно трчаше низ рингот избегнувајќи каква било блиска борба.

Според CompBox, Мексиканецот нанесе 56 од вкупно 152 удари, додека неговиот противник зададе 55 од 293 обиди.

„Тој само сакаше да преживее и да оди 12 рунди“, рече Канело и додаде:

„Борбата беше здодевна. Тој не се обидуваше да победи, само да преживее. Ги мразам таквите борци… Но, во ред е, победи и повторно стана нерикосновен шампион“.

Мартин Баколе и Ефе Ајагба имаа забавна борба во тешка категорија од десет рунди, која заврши нерешено. Двајца судии оценија со 95-95, а еден му даде предност на Ајагба, 96-94.

Баколе (21-2-1, 16 КО) беше многу подобар отколку во февруари кога загуби со прекин во втората рунда од Џозеф Паркер.

Конгонецот ја покажа својата препознатлива цврстина против борбениот Ајагба (20-1-1, 14 КО) и нанесе неколку тешки удари, особено во втората половина од натпреварот. На крајот, Ефе призна дека бил малку уморен.

Според CompuBox, Мартин нанесе 145 од вкупно 460 удари (32 проценти), додека Аџагна зададе 190 од 451 (42 проценти). Што се однесува до бројот на силни удари, тие беа многу блиску, Баколе имаше 82, а Ајагба имаше 84 вистински удари.

„Бев подобар и заслужено победив“, рече Ефе Ајагба и побара реванш на еден од настаните во САД, додека Мартин Баколе нагласи:

„По поразот од Џозеф Паркер, работев напорно. Мислам дека бев подобар. Ќе го прашам Турки Алалших дали можеме да имаме реванш“.

Други резултати:

Брајан Леон – Арон Гвереро – едногласна одлука
Ричард Ријакпорхе – Кевин Еспиндола – прдавање по четвртата рунда
Марко Верде – Мишел Полина – прекин во првата рунда
Мухамед Алакел – Александар Моралес – едногласна одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON