„Канело“ навести дека би се соочил со Конор Мек Грегор во боксерскиот ринг

Дополнителен доказ дека Конор Мек Грегор продолжува да биде најголемото име во светот на боречките вештини е фактот што дури и легендарниот Сол Алварез си зеде слобода да коментира дека може да видиме таков судир во догледна иднина.

Спортскиот новинар Манук Акопјан го испровоцира Канело за време на неговата последна прес-конференција пред борбата со Едгар Берланга овој викенд, прашувајќи го дали би прифатил борба со „Озлогласениот“ според боксерските правила.

„Повторно да покажам дека боксот е подобар. Лесни, лесни, премногу лесни пари“, рече со насмевка Мексиканецот.

Големата ѕвезда за Ирецот блесна токму во слично натпреварување во 2017 година, кога се соочи со Флојд Мејведер Јуниор. Тој меч сè уште се смета за најпрофитабилна егзибициска соработка во историјата на боксот, со различни гласини кои се вртат околу суми во стотици милиони долари профит за секој од двајцата. Империјата на Конор е основана некаде таму, а денес тој е меѓу ретките спортисти чија вредност е над една милијарда долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON