Светскиот шампион во супер средна категорија на ИБФ, Калеб Плант (21-0) ќе заработи 10 милиони долари од претстојниот меч со Канело Алварез (56-1-2). Мексиканската суперѕвезда самоуверено се придвижува да ги обедини сите појаси во категоријата, откако веќе ги поседува на ВБЦ, ВБА и ВБО. Тој го победи со технички нокаут во 8-та рунда Били Џо Сандерс (30-1) на 8 мај, со што ја додаде титулата на Светската боксерска организација. Плант и Алварез планираат да се сретнат на 18 или 25 септември.
„Бројката е приближно 10 милиони долари. Некаде. Не сакам да изгледа како да правам работи за пари, бидејќи тоа е навистина борба што ја сакам и верувам дека можам да победам. Но, исто така нема да влезам во рингот ако не го добијам она што го заслужувам“, изјави Калеб (28) за Секандс аут.
Американецот појаснува дека ќе има значително поцврста поддршка од Сандерс или Калум Смит.
„Не мислам дека имам повеќе фанови од Канело во САД. Но, во секој случај, тие се повеќе од двајцата. Многу наскоро ќе седнеме со мојот тим и Ал Хајман и ќе ги расчистиме деталите“, изјави шампионот на ИБФ.
The ringside view of these Canelo punches 🤯🔥#CaneloSaunders pic.twitter.com/VXIju9IsLu
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 10, 2021
Последните пет ривали на Канело заработија просечно 8,1 милион долари од нивните средби со него. Сергеј Ковалев и Даниел Џејкобс собраа по 12 милиони, додека Сандерс доби 8. Калум Смит зеде 6 милиони долари, а Авни Јилдирим се задоволи со најмалку – 2,5 милиони.Од друга страна, Алварез собра 20 и повеќе милиони од овие мечеви.