Канело ја ослободи светската титула во полутешка категорија

Сол Алварез (53-1-2, 36 КО) ни два месеца не беше светски шампион во полутешка категорија.

Во официјалното соопштение на „Глоден бој промоцијата“ објавено е дека 29-годишниот Мексиканец ја ослободил светската титула на ВБО во категоријата до 79,4 килограми.

Канело на почетокот на ноември се подигна за две тежински категории и го нокаутира Сергеј Ковалев во 11-тата рунда, освојувајќи ја титулата светски шампион во четвртата тежинска категорија.

„Знам дека моите остварувања во рингот ми донесоа чувство на гордост на моите фанови и мојата земја. Долго уживав во односот со ВБО и ценам се што прават да го зачуваат и унапредат боксот. Овој договор му овозможува на ВБО редовно да одржува борби за титулата во полутешка категорија, а на мене да одам по најдобрите противници без оглед на тежинската категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON