Мексиканската ѕвезда Сол Алварез – Канело (49-1-2, 34KO) е исклучително мотивиран од сите навреди кои излегуваат од устата на ИБО, ВБЦ и ВБА шампионот во средна категорија Генади Головкин и неговиот тренер Абел Санчез.
Канело ќе се сретне со Головкин по втор пат на 15 септември во Лас Вегас. Нивната прва средба во септември 2017 година заврши нерешено по 12 рунди. Имаше идеја за реванш на 5 мај, но два месеци пред тоа се покажа дека Канело паднал на допинг тест. Канело беше принуден да се повлече од борбата, бидејќи му беше изречена шестмесечна суспензија.
Головкин одлучи да се бори на закажаниот датум и го нокаутира Ванес Мартиросјан за две рунди. По што Головкин и Канело добија датум за борба во септември.
Откако Канело падна на допинг тестовите Головкин не престана со обвинувањата дека Мексиканецот долго време бил на стероиди. Санчез дури верува оти Канело користел измамнички работи за време на првата средба, за да си ја зголеми ударната сила. Тој, исто така, верува дека Мексиканцоте бегал за време на битката.
Головкин и Санчез не престануваат да го напаѓаат Канело, предизвикувајќи го со тоа на негов терен за време на реваншот да направат вистинска мексиканска битка.
Канело ги зема во предвид сите овие критики и е решен да се одмазди за нив.
„И малата почит што ја имав за Головкин веќе исчезна – ги преминаа границите со сè што рекоа. Толку плачки … се ќе и вратам за време на борбата. Ќе им покажам дека зборовите се излишни“.