Сол Алварез (52-1-2, 35 КО) го победи Даниел Џејкобс (35-3, 29 КО) и ги обедини титулите на светските шампиони во средна категорија.
Мексиканцот кои во рингот на Т-Мобиле арена во Лас Вегас влезе како ВБА и ВБЦ шампион излезе и со појасот на ИБФ откако славеше со едногласна одлука на судиите – 115-113, 115-113, 116-112.
Џејкобс ќе мора да плати казна од 1 милион долари, затоа што имаше 78,7 килограми или килограм и 600 грама повеќе од поставената граница на денот на мерењето.
Мексиканцот ќе заработат 35 милиони долари за оваа борба, а Џејкобс ќе добие над 10.
Преостанатата титула во средна категорија ја држи шампионот на ВБО Димитриј Андраде (27-0, 17 КО).
https://www.dailymotion.com/video/x77g4ns#tab_embed