Сол Алварез се повлече од закажаниот реванш со Генадиј Головкин на 5 мај.
Претседателот на „Голден бој промоција“, Ерик Гомез, за време на прес-конференцијата рече дека раководството на промоција не очекува дека Спортската комисија на Невада ќе му дозвола на Мексиканецот за настап откако два пати беше позитивен на допинг тестот во очи на мечот. Гомез изјави дека борбата би можела повторно да биде закажана за август или септември.
Сослушувањето е закажана за 18 април, а Алварез може да биде суспендиран една година.
И покрај отказот на Мексиканецот, Генадиј Головкин сѐ уште планира на 5 мај да се бори во Лас Вегас.
Како можни противници се споменуваат Гери О’Саливен (27-2, 19 КО), Деметриус Андраде (25-0, 16 КО) и Сергеј Деревјанченко (12-0, 10 КО).