Канело го откачи Головкин за трет меч

Сoл Алварез – Канело нема намера по трет пат да се соочи со Генади Головкин, на големо жалење од навивачите.

На претходните два меча меѓу нив, првиот заврши со контроверзно реми, и покрај предноста на Головкин, а потоа – со победа на Алварез. Двете средби беа во средна категорија, што е причина третиот меч да не биде реализиран. Алварез и тренерот Еди Рејносо му рекоа дека немаат намера тој повторно да се бори во оваа категорија, туку да продолжи да учествува во суперсредна категорија по неговиот меч со Калум Смит на 19 декември.

„Задоволни сме од овој голем предизвик, а да победиме ќе биде само почеток на обединување на сите појаси во категоријата. Калум Смит е еден од најдобрите во супер средна. Ја освои Светската супер серија. Ако верувате дека сте најдобри, тоа мора да го покажете на натпреварите против најдобрите. Затоа избравме меч со Смит, а не еден од другите боксери кои немаат исто ниво на успех“, објасни Еди Рејносо.

„Сите знаеме дека единствениот што го посакува Головкин, можеби за да се пензионира, е против мене. Пред пандемијата преговаравме да направи меч оваа година, но, за жал, ситуацијата не го дозволи тоа и го откажавме. Сега најважно е да ги следиме нашите цели. Прв е Калум Смит и, како што рече Еди, сакаме да ги комбинираме сите титули во суперсредна категорија и да продолжиме да пишуваме историја. Ќе видиме за Головкин во некое друго време“, додаде Канело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON