Канело е подготвен да преговара за борба со Крафорд (ВИДЕО)

Во изминатата 2024 година можеби најголемата пресметка што не се случи беше помеѓу Сол Алварез (62-2-2) и Теренс Крафорд (41-0). Сепак, потенцијалот за судир во 2025 година е достапен и дури „Канело“ му призна на Ринг дека е подготвен да седне на преговарачка маса.

Мексиканецот беше специјален гостин во Ријад за годишните награди на изданието и токму таму потврди дека иднина допрва ќе покаже дали тој и „Бад“ ќе го делат рингнот.

Алварез последен пат го видовме во рингот во септември, кога дојде до убедлива победа со одлука против Едгар Берланга (22-1), за да ги одбрани појасите во суперсредна категорија во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО