Канело: Добив 7 од 12-те рунди со Головкин, но ги почитувам судиските одлуки

На почетокот на неделата Алварез истакна дека има чувство оти ги добил 7 од 12-те рунди против Генади Головкин што значеше и победа на Мексиканецот.

Сепак бпрбата заврши нерешено поради одлуките на двајца судии, од кои едниот досуди победа за Гловкин, а другиот – реми. Алварез (49-1-2, 34KO) и Головкин (38-0-1, 34KO) ќе се сретнат во реванш мечот идниот викенд.

„Имам чувство дека добив 7 од рундите. Боксот сепак е субјективен. Секој ги гледа работите поинаку и затоа ги почитувам одлуките на судиите. Сепак, мислам дека ја добив средбата“.

28-годишниот Алварез смета дека го неутрализирал агресивниот противник со своите удари и прилагодените движења. Абел Санчез, тренерот на Головкин, а и самиот Генади, го критикуваа Алварездека бегал по рингот – факт кој Алаврез продолжува да го оспорува.

„Се борев далеку од јажињата, во средината на рингот. Го неутрализирав. Тој ги завршува противниците кога ќе ги потпре до јажињата, но тоа не се случи со мене“.

Поранешниот шампион вели дека Козакот не успеал да го повреди ниту еднаш во сите 12 рунди.

„На првата средба не ми зададе сериозни удари. Можеби два или три потешки, но повеќето не беа ништо посебно. Во рундите што победив, ги добив со тешки удари. Во рундите што изгубив, повеќе се борв подефанзивно и повеќе се движев . Затоа не успеав да го преземам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON