Канело би го нокаутирал Џејк Пол за 30 секунди, смета Вајт

Американскиот јутјубер и боксер Џејк Пол пред десет дена ја забележа 11-та победа во 12-та борба во професионалната кариера. Неговата победа над Мајк Тајсон не изненади многумина, а 27-годишниот сигурно нема да застане тука, туку подготвува нови борби од милион долари.

Еден од боксерите за кои е заинтересиран е Сол Алварез-Канело. Мексиканецот освои појаси во четири различни категории, постепено искачувајќи се од супер средна до полутешка категорија. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, во разговор со поранешниот НФЛ играч и новинар Шенон Шарп, целосно ја отфрли таа идеја:

„Канело е сè уште реален. Тој излегува, оди на работа и продолжува да доминира на највисоко ниво. Ако Џејк Пол се бори него, не би издржал повеќе од 30 секунди“.

Алварез минатата година изјави дека ќе се бори со Пол.

„Канело се бори со вистинските момци“, додаде Вајт. „Тој го задржува својот кредибилитет недопрен и сè уште заработува милиони по борба. Не му треба Џејк Пол и, искрено, Џејк треба да се држи до она што го прави. Нема срам во тоа, но да се спротивстави на некој како Канело е чиста заблуда”, заклучи шефот на УФЦ кој не гледа како Пол би бил закана за Канело.

Канело е актуелен светски шампион во ВБЦ, ВБА и ВБО во суперсредна категорија и моментално е целосно фокусиран на одбрана на појасите против противниците од светска класа. Сепак, тој минатата година изјави за Фул сенд поткаст дека ќе размислува за таа борба откако ќе заврши неговата кариера.

„Кога ќе завршам со боксот на највисоко ниво, зошто да не“, заклучи Мексиканецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON