Канело Алварез во пресрет на борбата против Вилијам Скул: Тој е шампион, но неговиот стил е комплициран

Следен противник на Канело Алварез е Вилијам Скул. Мексиканската мегаѕвезда на 3 мај на спектакл во Ријад ќе се бори против големиот непоразен Кубанец.

Нивниот дуел ќе биде за обединување на титулата во суперсредна категорија, Канело (62-2-2, 39 КО) во рингот ги носи шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБЦ и ВБО, додека Черепот ќе ја стави на маса титулата на ИБФ.

Скул (23-0, 9 КО) навлезе во триесетите години, а дури неодамна доби шанса да го бара своето место на светската сцена.

Тој во октомври минатата година на настан во Германија со едногласна одлука го победи Русинот Владимир Шишкин и ја освои испразнетата титула на ИБФ.

Иако многумина дури тогаш го забележаа, Алварез тврди дека долго време го следи Скул, не ја гледал секоја борба, но доволно за да се знае дека Скул е неверојатно опасен противник.

„Доаѓа од кубанската школа. Неговиот стил е комплициран и знае максимално да го искористи рингот. Има силен удар и е квалитетен борец“, истакна Канело и додаде:

„Скул е светски шампион. Но, сакам повторно да бидам неприкосновен шампион. Двоен апсолутен светски шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON