Канело Алварез: Средбата Мејведер – Мек Грегор е голем циркус и исмејување

Поранешниот противник на Мејеведер, Мексиканецот Канело Алварез не е импресиониран од средбата помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор која треба да генерира астрономски приходи.

„Мислам дека тоа ќе им наштети на боксот како спорт. Гледам на ова како на исмејување. Тоа е голем циркус и исмејување, бидејќи кога борец од боксот ќе отиде во ММА или борец од ММА ќе дојде во боксот, се добива целосен циркус. Луѓето тоа не го прифаќаат сериозно“.

Канело е голема ѕвезда во Мексико и гледа во тронот на Мејведер на кој може да се доближи при победа над Жулио Цезар Чавез Јуниор, со кого ќе се бори на 6 мај.

Но, во исто време славата на Мек Грегор и неговото влијание врз светот на спортот енормно расте. Неодамна беше прогласен за еден од највлијателните луѓе во светот од списанието „Тајм“, а добие пофалби од ѕвездата Арнолд Шварценегер.

Интересно е и до каде може да стигне Ирецот во развојот надвор од ММА, застанувајќи против најголемите имиња во боксот. Мек Грегорr дури предложи ако Мејведер не сака да се бори, да излезе на мегдан против Мани Пакијао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON