Канело Алварез ќе се бори со Џермал Шарло

Сoл Алварез потпиша договор за три борби со Премиер бокс шампионатиите и ќе се бори со Џермал Шарло. Мечот ќе се одржи на 16 септември, а местото на одржување дополнително ќе биде одредено.

32-годишниот Алварез зад себе има 59 победи, 2 порази и 2 нерешени борби. Мексиканецот е неприкосновен светски шампион во суперсредна категорија.

33-годишниот Шарло во кариерата има 32 победи и ниту еден пораз. Американецот е шампион на ВБЦ во средна категорија. Џермал е брат близнак на боксерот Џермел Шарло, кој во септември треба да се бори со руско-австралискиот боксер Тим ​​Цју.

Алварез сакаше реванш со Дмитри Бивол, но тоа очигледно нема да се случи оваа година. Останатите две борби од договорот на Алварез со ПБЦ ќе бидат во мај и септември 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON