Реваншот меѓу Генади Головкин и Канело Алварез е довден во сериозна опасност откако Атлетската комисија на Невада привремено го суспендира Алварез, соопшти извршниот директор на Комисијата, Боб Бенет.
Алварез ќе мора да се појави пред комисијата на 10 април. Тој трбаше да се бори на 5 мај против Головкин во Т-Мобиле арена во Лас Вегас, но оваа казна е сериозна закана за средбата.
Бенет изјави дека Алварез не беше казнет веднаш, бидејќи од 5 март имале истрага откако тој даде позитивен примерок на кленбутерол на 17 и 20 февруари. Тогаш промоторот на Алварез, Голден бој изјави дека тоа е последица на заразено месо што го конзумирал во Мексико. Сепак, Комисијата и претходно казнуваше борци за кленбутерол.
Canelo Alvarez is temporarily suspended for his failed drug test for clenbuterol, NAC executive director Bob Bennett said. He'll have to go before the commission April 10.
— Marc Raimondi (@marcraimondi) March 23, 2018