Светскиот шампион во супер средна категорија, Сoл Алварез – Канело изјави дека нема намера да се соочи со Џејк Пол во блиска иднина. Наместо тоа, тој се фокусираше на историските достигнувања во професионалниот бокс и неговото партнерство со Сезоната во Ријад.
Разговорите меѓу Канело и Пол се појавија во февруари, но набргу потоа, Алварез потпиша договор за четири борби со промоторот на боксерскиот настан во Саудиска Арабија, Турки Алалшик. Мексиканецот веќе најави дека првата борба ќе биде против Вилијам Скул на 3 мај во Ријад.
„Мислам дека ја направив вистинската работа што потпишав со Турки Алалшик.. Има многу потенцијал за иднината во ова партнерство, па почнавме да работиме заедно“, изјави Алварез за СиБиЕс спорт.
Алварез беше категоричен дека нема потреба да се бори со Пол, кој од Јутјуб сензација премина во професионален бокс, во моментов. Според него, оваа средба повеќе би била шоу отколку вистинска борба.
„Скул е подобар противник во овој момент во мојата кариера. Сакам само да направам приказна. Борбата против Џејк Пол дури и не би ја нарекол борба. Тоа е повеќе шоу отколку боксерски меч. Ова шоу може да почека до крајот на мојата кариера“.