Канадскиот рапер Дрејк уплатил 275 илјади долари за победа на Масвидал

Познатиот канадски рапер Дрејк сака спорт, а сега дознаваме дека сака да се обложува. Имено, познатиот музичар и пејач со посебно внимание ја проследи главната борба на настанот УФЦ 272 кој викендов се одржа во Лас Вегас помеѓу Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал.

Дрејк се обложил на 275.000 долари за победата на Масвидал, но останал разочаран кога Ковингтон победил на крајот од мечот со едногласна одлука на судиите.

Хорхе имаше шанса во четвртата рунда, кога со одличен удар го затресе противникот, но немаше сили да го заврши натпреварот.

Колби се опорави, а потоа го засили темпото за победата да биде убедлива.

Хаос беше фаворит пред мечот (1.30), па коефициентот за победа на Хорхе беше околу 3.50.

И, ако Масвидал го добиеше тој меч, добивката на Дрејк ќе беше близу еден милион долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON