Нејт Дијаз успеа да размрда многу луѓе за време на прес-конференцијата по мечот со Конор Мек Грегор на УФЦ 202.
Тогаш Дијаз се појави пред медиумите со електронска цигара, пушејќи масло од коноп, без да му трепне око.
Дијаз доби само со усно предупредување од страна на Атлетска комисија на Невада. А тој за ММА Час рече дека дури и во моментов прави солидни пари како последица на овој потег.
„Може да се каже дека направив еден куп долари од канабис индустријата. Тоа беше добар потег и беше целосно органски. Тоа е канабидиол. Тој помага на обновување на процесот, а ги намалува воспаленијата и други такви работи. Убаво е да се зема пред и по мечот, дури и при вежбање. Тоа ти го прави животот едно поубаво место“, објасни Нејт.
Дијаз повторно истакна дека од УФЦ се обиделе да го „замрзнат“ по УФЦ 202, но нема намера да се предаде.
„Тие се обидоа да ме полијат со студен туш и да ме остават да умрам. Но, сето тоа е во ред, бидејќи јас нема да умрам. Се уште сум тука – во игра. Се уште тренирам повеќе од кој било друг. Се уште ми се јавуваат. Ебената канабис индустрија ме опсипува со пари“.
Од УФЦ продолжуваат да тврдат дека не престануваат да и нудат натпревари на Нејт Дијаз и неговиот брат Ник, а тие ги одбивале.