Калеб Плант (20-0, 12 КО) во родниот Нешвил по втор пат ја одбрани титулата во супрерсредна категорија на ИБФ.
27-годишниот Американец со прекин во 10-татат рунда го победи задолжителниот предизвикувач Винсент Фајгенбуц (31-3, 28 КО).
24-годишниот Германец не можеше да се носи со Плант кој го успори со ударите во телото. По серијата во 10-тата рунда судијата ја прекина борбата.
Калеб го освои појасот на ИБФ во јануари 2019 година победувајќи го со едногласна одлука Хозе Узкатегу.
Прв пат го одбрани минатиот јули сопирајќи го во третата рунда Мајк Ли.