Мирко Филиповиќ ја комплетира својата импресивна тешкашка постава во салата во Загреб, Гајница, само три недели пред новиот ММА настап.
На 30 септември Кро Кап ќе го следиме против Американецот Роке Мартинез во токиската Саитама супер арена. Тоа ќе биде прво појавување на Филиповиќ откако пред неколку месеци мораше да биде подложен на непријатна операција на коленото. Но, хрватскиот ветеран чудесно се опорави и побрзо од коибило лекарски прогнози се враќа во рингот.
Овие денови во Загреб ја собра неговата сега веќе добро позната екипа пред последната фаза од тренингот кој подразбира и спаринзи. Тука е неговиот тренер и познат боксер Стипе Дрвиш, јапонската ѕвезда со загрепска адреса Сатоши Ишии, двајца одлични тешкаши на Хрватска Анте Делијаa и Саша Милинковиќ и српскиот УФЦ-овец Дарко Стошиќ.
Очигледно ова е победничката комбинација,бидејќи Филиповиќ за пораз на ММА борилиштата не знае од мечот против Олексеј Олејник во 2013 година во рускиот Легенд. Оттогаш забележа осум победи против Гонзага, Иши (два пати) и Кинг Мо Лоуел.
Последен пат во акција го гледавме на 31 декември во рингот на Ризин. Тогаш со прекин го совлада јапонскиот ветеран Кохасака.
Неговиот противник Американецот Роке Мартинез во никој случај не е „мачкина кашлица“. Се работи за прилично искусен борец кој успешно се натпреваруваше на „пацифичката ММА-сцена“, а последните два натпревара да ги одработи во јапонскиот Ризин.
Го победи Џером Ле Банер во 2017 година, а во август оваа година на Ризин 12, беше подобар од домашниот борец Кијоши Кувабара.
Во професионалната кариера има 13 победи и 4 порази, а освен во Ризин, настапувал и во познатата јапонска промоција Дип. Таму во 2017 година го совлада најдобриот индиски кикбоксер Џејдеп Синх. Висок е 177 сантиметри и тежи околу 110 килограми, како што стои на официјалниот плакат за Ризин 13. Бил ПХЦ/PXC – Пацифик екстрем шампион во тешка категорија.
https://www.instagram.com/p/BnUHNBHFWL1/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BnUHhR_nJes/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
.