Каква приказна! Гледач стана првак на ММА во Бразил!

Бразилецот Луис Фелипе Алвим е херој во неверојатна приказна, во која од навивач стана шампион во ММА за само еден ден.

Алвим има 22 години и ја практикувал вештината маи-таи. Бил голем фан на ММА-борбите, но никогаш во животот немал ниту час тренинг во слободно борење. Посакал да одат со девојка си на борбата „Жуиз де флора фајт 18“ во Бразил, заедно со девојката Фабијана, меѓутоа немале пари за билети.

Се сетиле да испечат колачиња и да ги продаваат пред салата, за да соберат пари за билети, арно ама планот не успеал, бидејќи дошле доцна до салата и публиката веќе била влезена. На крај решиле да одвојат од парите за кирија и сметки и влегле. Пред да одат на трибините, Алвим посакал да отиде до соблекувалните и да го најде Фелипе Силва, друг ММА-борец, со кого заедно тренирал.

Во меѓувреме, организаторите на борбата се соочувале со свои проблеми. Противници бела Карлос Едуардо Руфино и Клаудинел Кал, а вториов се откажал од борбата. Кога го разбрал тоа Алвим се пријавил да биде замена. Му рекле дека веќе има обезбедено заменски борец, но за белја и тој по 40 минути се откажал.

Без ниту минута тренинг, се качил во кафезот против „страшниот“ Руфино. На почетокот Руфино лесно го урнал младиот ентузијаст, но овој, иако целиот раскрварен, успеал да му се извади од раце. Потоа следувал спектаклот: Тргнал да го нападне и да го заклучи во „тријаголник“ со нозете околу врат.

„Кога го заклучив триаголникот си помислив „еј можам да го добијам“. Се молев да не заврши рундата пред тој да почне да тапка и тогаш тој тапна трипати“, објаснил подоцна Луис Фелипе Алвим.

Публиката била воодушевена, тој „ни крив, ни должен“ освоил шампионски појас, а веднаш потоа, додека биле уште во кафезот ја запросил својата девојка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON