Анастасија Димитрова, Ивана Тодоровска и Тамара Јанковска, како и женската екипа на Карате центар „ПЕЈОВ“ освоија златни медали на Меѓународниот турнир „Власотинце опен 2016“ во Србија.
Женската екипа беше во комбинација со девојчињата од КК Кеикс.
Во првиот настап, и тоа на меѓународна сцена, каратистите на „Пејов“ направија одличен успех, ако народната е „прво па машко“ во овој случај е „прво па женско“!
„Христијан Лјотиќ и Александар Тодоровски прикажаа храбра и машка борба, меѓутоа загубија во првото коло. Морам да споменам дека им ги споија категориите со постари генерации и потешки категории, така што дечките го дадоа максимумот. Се на се одличен настап, крунисан со четири златни медали. Респект за Карате центар Пејов и неговите борци“, изјави тренерот Зоран Пејов за Ipon.mk, при што додаде дека во мошне силна конкуренција каратистите на „Пејов“ прикажале максимално пожртвувана борба и дух и притоа ги освоиле симпатиите на публиката.
Ipon.mk/В. Д.