На бокс мечевите се и сешто се случува и затоа се крајно возбудливи и неизвесни до саматиот крај. Но најлошо е кога ќе го потцениш противникот, па дури и во ситуација кога изгледа дека е немоќен да направи што и да било.
Сабри Седири двапати го собори Сем Максвел на подот и во последната рунда влезе со огромна предност, но во моменти кога почна да се потсмева со противникот и да потскокнува во рингот, доби животна лекција за паметење. На десет секунди пред крајот на последната рунда, грогираниот Максвел зададе два силни директи со левата и десната рака, удари со кои го патосираше противникот и со кој извојува драматична победа како на филм.
Овој потег на Максвел експресно стана вирален хит меѓу бокс друштвото, па во изминативе часови неговиот херојски нокаут е апсолутна сензација на социјалните мрежи.
When cocky fighters get destroyed, part 265 😳 pic.twitter.com/2MkiBipsPN
— TNT Sports (@tntsports) March 24, 2019
.