Кајла Харисон: Ронда обожава да се шета гола, дома!

ronda-rusej-profil-smeska

Ронда Русеј продолжува да се подготвува за враќањето во октагонот што ќе се случи на 31 декември на УФЦ 207 против шампионката Аманда Нунес.

Поради тоа не е и изненадување дека Русеј е водечка тема во повеќето медиуми во последно време. А сега за тоа помогна и двократната олимписка шампионка во џудо, Кајла Харисон, која е поранешна цимерка на Ронда.

За подобро или полошо, Кајла откри некои од интересните навики на Русеј. На пример, дека таа обожава да се шета гола во нејзиниот стан.

„Има многу работи кои светот не ги знае за Ронда. Таа обожава да се шета гола, дома. Имало случаи кога се враќав од училиште или работа, а таа едноствано си јаде, стоејќи со гол задник“.

Ронда Русеј ќе се обиде да се врати на победничкиот пат по шокантниот пораз од Холи Холм на крајот на минатата година.

Сетете се на едно одлично промо-видео за нејзиното враќање во октагонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON