Кајла Харисон повторно ќе се бори за титулата на ПФЛ во лесна категорија на 25 ноември.
Двократната шампионка во лесна категорија се справи со Мартина Џиндрова во главната борба на ПФЛ 9 што заврши пред малку во Лондон. Нивната битка беше полуфинале на дивизиски турнир. Харисон рано зададе удар и ја собори Џиндрова, веднаш преминувајќи на странична контрола.
Џиндрова даде се од себе за да го преживее арсеналот удари од доминантна позиција, но немаше одговор. Харисон ја заклучи и да ја натера да се предаде за нешто повеќе од три минути во првата рунда.
Непобедливата Американка сега ќе се соочи со Лариса Пачеко во нејзината потрага во трет по ред ПФЛ појас, откако Бразилката ја совлада Олена Колесник во другото полуфинале.
Пачеко и Харисон сега имаат две борби под знамето на ПФЛ. Тие се бореа двапати во 2019 година и Кајла двата пати победи со одлука. Сепак, сега Лариса е во серија од 5 последователни победи со нокаут.
Нè очекува интересно финале каде двете ќе се борат за титулата и наградата од 1 милион долари.
Another money promo from Kayla Harrison 💰pic.twitter.com/6VuksFzeDP
— Chamatkar Sandhu (@SandhuMMA) August 20, 2022
Резултатаи ПФЛ 9:
Главна карта
Кајла Харисон – Мартина Џиндрова со завршница Р1, 3:17
Брендан Лофнејн – Крис Вејд со одлука (30-27 x3)
Лариса Пачеко – Олена Колесник со ТКО Р1, 2:09
Баба Џенкинс – Риоџи Кудо со завршница Р1, 1:49
Дакота Дичева – Хасна Џабер со завршница Р1, 0:58
Симеон Пауел – Жоао Пауло Фагундес со ТКО Р2, 1:56
Прелиминарни
Стјуарт Остин – Софијан Букичу (29-28, 28-29, 30-27)
Алекс Чизов – Омар Хусеин со завршница 2, 4:12
Зебензуи Руиз – Рафаел Учегбу со одлука (29-28, 29-28, 29-27)