Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Каин Веласкез, јавно потпишал договор со кечерската ВВЕ организација.
Пред неколку дена стана јасно дека добил понуда и очигледно ја прифатил. Претходно денес на последниот настан на ВВЕ, Брок Леснар го совлада Кол Кингстон и стана шампион, но свеченоста ја прекина Веласзкез, кој влезе во салата и влезе во рингот за да го нападне неговиот поранешен противник од УФЦ.
Каин успеа да го собори Леснар на земја и го опсипа со удари, а Леснар успеа да се извлече и да избега, но тоа ќе има продолжение. Во август, Каин го направи дебито во кечерството, а неодамна изјави дека најверојатно ќе заврши со ММА поради поголема понуда од друга организација. Тој веќе е дел од ВВЕ, кој очигледно јавно стави крај не неговата кариера во октагонот. Еве што се случи меѓу Веласкез и Леснар: