Каијо Бораљо го победи Џаред Канониер и стигна до седмата победа во УФЦ

Бразилецот Каијо Бораљо ја продолжи својата успешна серија на настанот УФЦ на ЕСПН 62 што се одржа во Лас Вегас.

Натурал доминираше во мечот во средна категорија против Џаред Канониер и со едногласна одлука на судиите убедливо стигна до 16-та победа во низа, седма во УФЦ.

Големиот Бораљо (17-1, 1 НЦ) воп мај го победи Пол Крег со нокаут во втората рунда.

А за Канониер (17-8) тоа е втор пораз во низа и трет во последните пет меча. Во јуни загуби со прекин во четвртата рунда од Насурдин.

Во конасловната борба во сламка категорија кај жените понуди многу неизвесен натпревар во кој Табата Ричи со едногласна одлука ја победи Анџела Хил.

Возбудливо беше и во другите борби од главната програма, каде во мечот во средна категорија, Рајан Лодер со прекин во втората рунда го совлада Роберто Валентино.

Во борбата во перо категорија Маирон Сантос со одличен нокаут во втората рунда го заврши Каан Офли, а во дуелот меѓу двајца велтераши, Мајкл Моралес со прекин на крајот од првата рунда го совлада Нил Мањи.

Тоа беше 17-та победа во кариерата на непоразениот Моралес и петта во УФЦ.

Посебно треба да се спомене убедливиот триумф на Џералд Мершарт во мечот во средна категорија, кој во втората рунда го совлада Едмен Шахбазјан со завршница (гушење со рачен триаголник).

Резултати од УФЦ на ЕСПН 62:

Каио Бораљо – Џаред Канониер – едногласна одлука (49–45, 49–45, 48–46)
Табата Ричи – Анџела Хил – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Рајан Лодер – Роберт Валентин – ТКО (лакти), Р2 (1:49)
Мејрон Сантос – Каан Офли – КО (удар), Р2 (1:30)
Мајкл Моралес – Нил Мањи – ТКО (удари), Р1 (4:39)
Џералд Мершарт – Едмен Шахбазјан – завршница (гушење со рачен триаголник), Р2 (4:12)

Воведни борби:

Френсис Маршал – Денис Бузукја – поделена одлука (28–29, 30–27, 29–28)
Захари Рис – Хозе Даниел Медина – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Виачеслав Боршчев – Џејмс Лонтоп – поделена одлука (28–29, 29–28, 30–27)
Жаклин Кавалканти – Џосијан Нунес – поделена одлука (27–30, 29–28, 29–28)
Конг Ванг – Викторија Леонардо – КО (удари), Р1 (1:02).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО