Каел Сонен доби 11 пријави за тепачка во хотел во декември 2021 година.
Обвинителите минатата недела поднесоа обвиненија дека поранешен ММА борец нападнал шест лица, меѓу кои и една жена, за време на расправија на 18 декември.
Според документите, Сонен давел маж, удрил жена, а потоа ги удрил другите со раце и колена.
Видео од неговото апсење:
Засега нема коментар од тимот на Сонен. 44-годишниот ветеран беше еден од најгледаните борци на УФЦ со победи над Рампејџ Џексон, Вандерлеј Силва, Шогун Хуа и Мајкл Биспинг. Моментално е еден од најдобрите ММА аналитичари во светот.