Поранешниот предизвикувач за титулата на УФЦ во средна и полутешка категорија, Каел Сонен, е новото засилување на Белатор.
39-годишниот Американец се пензионираше по падот на допинг тетсот во пресрет на борбата со Витор Блефорт кој го замени првично планираниот Вондерлеј Силва, а не се борел од ноември 2013 година.
Потпиша договор на повеќе борби и претежно ќе настапува во полутешка категорија.
„Не сум ни блиску до завршување на активната кариера. Доаѓам по се и секаде. Нема да се држам до една категорија. Ќе се борам на „гангстерската тежина“ и никој не е сигурен“, рече Сонен (28-14-1).
„Американскиот гангстер“ има незавршена работа со Силва, а тука се и Тито Ортиз, дури и Рори Мек Доналд во средна категорија, како интересни противници.