К-1 се враќа во Саитама супер арена (ВИДЕО)

Од 2014 година К-1 Јапонија под лиценца на К-1 Глобал ги организира најдобрите кик бокс настани во светот. Иако се далеку од златните денови на К-1, подобрувањата се видливи.

На настаните доаѓаат најдобрите борци од лесните категории, како од Јапонија така и од остатокот од светот, со акцент на борците кои надоаѓаат – Масааки Ноар, Каев Фаертекс, Масаро Глундер, Хироја, Минору Кимура, браќата Урабе, Илијас Булаид, Таига се само некои од имињата.

К-1 на прес-конференција во Саитама собра 56 од своите борци за да го објави враќањето во Саитама супер арена на 21 март.

Враќањето во арената во која се одржани многу важни К-1 настани во историјата е голем чекор. Првично, нема да се користи полниот капацитет на салата, туку ќе биде скратен на 18.000 места, што и понатаму е многу голем број за кик бокс настани.

Организацијата планира во март да го направи најголемиот настан на годината, како што беше К-1 Гранд при на тешкашите во декември или К-1 MAКС во јули и октомври.

Во Саитама супер арена планираат да одржуваат и помали настани, но за март е најавено одржување на голем настан.

Со тоа К-1 Јапонија, Карш и Хаос ќе се спојат во „К-1 Јапонија груп“. Ќе ги задржат своите независни настани, но ќе ги делат на борците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON