Јураја Хол за Адесања: Ќе го претепам

УФЦ-борецот од средна категорија Јураја Хол е убеден дека ќе го „претепа“ Израел Адесања, доколку се соочат во октагонот.

Во моментов, Хол е рангиран на 9-тата позиција во средна категорија и е еден од многуте кандидати за титулата. Досега Адесања има совршен учинок од 20-0 и има 9 победи во УФЦ. Тој ги уништува сите на патот и има нокаут победи над имиња како Роберт Витакер и Паоло Коста. Викендов Адесања се искачи полутешка категорија, за да се обиде да стане двоен шампион.

И покрај неговите нови амбиции, Адесања рече дека нема намера да ја отфрли одговорноста во средна категорија. И ако е така, Хол е подготвен за битка.

„Совршено. Едноставно совршено. Тоа е како јапонска аниме. Тој е Наруто, јас сум Гоку, ќе го претепам”, рече Хол и додаде: „Но, јас не сакам да го омаловажувам постигнатото. Секој е на пат. Ова е трка.

Многу би сакал да се борам против него, затоа што го познавам неговиот стил. Тој ги надмудри сите свои противници, но тие не се динамични напаѓачи. Тие се плашат од неговата висина и неговата слава. Значи, кога ќе се соочи со нив, тој лесно ги крши“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON