Нaстапот на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бар, Црна Гора, е заокружен со две злата и бронза во екипните натпреварувања, вкупно 12 за Македонија.
Со злато се закити јуниорскиот кумите тим (Ангеловски, Басаров, Белистојаноски, Билјали, Божовиќ, Михајлов, Зјиали) кој во финалето славеше против Грција 2-0. Балканско злато освои и женскиот ката тим во У-21 (Арсовска, Јанчовска, Манчевска), победувајќи ја Грција. Само овие две екипи беа пријавени во оваа конкуренција.
Бронзен медал освои јуиорскиот кумите тим жени (Буши, Коџа, Мицовска, Панчева), кој имаше добра завршница во репасажот и во борбата за бронзата.
Така, Македонија го заокружи настапот на БП со 12 медали – 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени. Во вкупниот пласман по освоени медали е четврата, зад Босна и Херцеговина 34 (10-8-16), Црна Гора 29 (10-5-14) и Србија 27 (7-10-10).
Претходно со златни медали се закитија Марија Петровска, Драгана Ефтимовска, Сара Дука, Андреј Ангеловски и Љупче Михајлов, додека сребрени медали освоија Андреј Басаров и Бесарт Мемети, а бронзи Бојан Костов и Катја Апостоловска.
Јуниорски кумите тим мажи – злато
Македонија – Црна Гора 3-2
Македонија – Босна и Херцеговина 2-0
Македонија – Косово 3-1
Финале
Македонија – Грција 2-0
Јуниорски кумите тим жени – бронза
Македонија – Хравтска 1-2
Репасаж
Македонија – Босна и Херцеговина 9-5
За бронза
Македонија – Косово 6-3
Ката тим У-21 жени – злато
Македонија – Србија 24,08 – 23,8
Кумите тим кадети жени
Македонија – Хрватска 0-2
Кумите тим кадети мажи
Македонија – БиХ 2-3
Кумите тим У-21 мажи
Македонија – Босна и Херцеговина 0-3
За бронза
Македонија – Србија 0-0 (победа на српскиот тим)
Кумите тим У-21 жени
Македонија – Грција 0-2
Ката тим кадети-јуниори жени
Во прва група 23,6
За бронза
Македонија – Босна и Херцеговина 0,0 – 24,4