Јуниорската репрезентација во борење на Македонија утре заминува на Балканското првенство за јуниори во Бурса, Турција, што ќе се одржи овој викенд.
Тренерите Седат Бафтија и назми Али се определија за следните борачи:
Минир Реџепи -55 кг, Елмедин Сејфулаху -60 кг, Ријад Реџепи -66 кг, Бујамин Ниши -74 кг, Рамадан Мустафовски – 86 кг и Кристија Крстев 120 кг.
Ipon.mk/В.Д.