Јубилејниот карате натпревар 50. Лорд куп – традиција создадена со карате пријателите, а со мотото парите не се секогаш најважни, детската радост нема цена ќе се одржи на 10 мај во спортската сала „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Скопје.
Како и секоја година, секој учесник за добредојде добива налепници, посебни карате тетратки, книгата Македоснки карате фотофакти и учесничка диплома.
Победниците добиваат медали, а екипите покрај поединечните медали и оскар за освоено прво место во својата категорија.
Учесниците ќе бидат на возраст родени од 2008 година и помлади.
Категориите за кати во поединечна конкуренција ќе бидат поделени во три нивоа, а секое ниво соодветно на појасот на каратистот. Екипните ката натпревари ќе бидат поделени во четири возрасни категории, а борците во кумите ќе се натпреваруваат по возрасна и тежинска категорија. Бројот накатегориите за машки и женски е триесет и девет.
Право на настап имаат каратистите кои се регистрирани во својот матичен клуб преку Карате федерацијата на Македонија, а правилата се во согласност со правилата на Светскат карате федерација.
Карате клубот Аеродром, организатор на овој јубилеен настан им посакува добредојде на младите каратисти.