Јубенк Јуниор. и Бен за малку ќе се степаа, овој пат кај Пирс Морган: Веќе не го спомнувај татко ми!

Расправијата меѓу Конор Бен и Крис Јубeнк Јуниор повторно експлодира за време на телевизиското гостување на познатиот новинар Пирс Морган, со кој двајцата британски боксери го промовираа долгоочекуваниот судир закажан за следниот месец.

Тензиите меѓу двајцата борци се засилија уште на првите прес-конференции, особено по инцидентот во кој Најџел Бен, таткото на Конор Бен, физички го нападна Јубeнк за провокација со јајце. Токму овој инцидент предизвика нови закани од Јубeнк, кој отворено го предупреди Најџел Бен дека никогаш повеќе не треба да се обиде да става раце врз него.

Продолжувањето на конфликтот се случи на снимањето на популарна емисија со познатиот британски новинар Пирс Морган, каде атмосферата дополнително ескалира. За време на шоуто Бен повторно го изрази својот гнев поради коментарот на Јубенк упатен кон неговиот татко, што доведе до тоа боксерите речиси да влезат во физичка пресметка пред камерата.

„Ти направи грешка кога го следеше татко ми“, му викаше бесниот Бен на Јубенк за време на снимањето на шоуто.

Јубенк не му остана должен: „Ти си тој што згреши што ја прифати оваа борба“!

Продуцентскиот тим на шоуто брзо реагираше, спречувајќи физичка пресметка меѓу двајцата боксери пред телевизиските камери. Но, дури и откако ситуацијата се смири, Јубанк очигледно одби да му подаде рака на својот ривал и продолжи да го провоцира Бен.

На почетокот на овој месец. на прес-конференција, нивното ривалство достигна ново ниво кога Јубенк јавно го предупреди Најџел Бен никогаш повеќе да не го допира, мислејќи на инцидентот со „кршењето јајце“ во кој постариот Бен го плесна со јајце по лицето.

„Ако уште еднаш ги ставиш рацете врз мене, ќе има последици“, му рекол Јубенк на постариот Бен.

И двајцата борци очигледно внесуваат лична мотивација во оваа борба, а судејќи по инцидентите за време на промоцијата, нивната пресметка во рингот ќе биде лична колку што е спортска. Публиката конечно ќе добие шанса да го види крајот на оваа драма меѓу два познати боксерски клана, кога Бен и Јубенк Јуниор на 13 април ќе ги одмерат силите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО