Во спектакуларен боксерски меч одржан на стадионот „Тотенхем хотспар“ во Лондон, Крис Јубенк Јуниор го победи Конор Бен во борба кој траеше сите 12 рунди. На сите три картончиња едногласниот резултат беше 116-112 за Јубенк.
Оваа борба се покажа како вистински боксерски спектакл, во кој двајцата британски боксери покажаа исклучителна вештина, издржливост и волја за победа. И покрај жестокиот отпор на Бен, кој се обидуваше да ја врати иницијативата во секоја од рундите, Јубанк беше посигурен и тактички исправен во текот на целата борба.
Судиите ја забележаа точноста на ударите и тактичката зрелост на Јубенк, кој беше во можност да го контролира текот на борбата. Бен не можеше да победи, и покрај неговите решителни контранапади и напорите што ги вложи. Тоа беше борба во која двајцата борци го покажаа својот максимум, но на крајот, искуството и стратешката зрелост на Јубенк беа одлучувачки фактори за победата.
CHRIS EUBANK JR WINS BY UNANIMOUS DECISION! 💥
116-112
116-112
116-112#EubankBenn pic.twitter.com/nlRCAmoUd2— BBC Sport (@BBCSport) April 26, 2025
CHRIS EUBANK JR. DEFEATS CONOR BENN VIA. UNANIMOUS DECISION! #EubankBennpic.twitter.com/8RTcOdG00w
— Championship Rounds (@ChampRDS) April 26, 2025