Репрезентативците Аарсим Етеми и Лео Јовановски ги загубија борбите на силниот Меѓународен турнир „Загреб Гранд при“ во Загреб, Хрватска.
Етеми (-81 кг) со прекин (ТКО) во првата рунда од силниот Русин Разиуан Мазихов.
Лео Јовановски (-75 кг) е поразен со поделена судиска одлука од домашниот боксер Ноа Јежек.
„Јовановски изгуби на поени 2-1 со хрватскиот репрезентативец, но како за негова прва борба покажа висок ентузијазам и желба. За прва борба сме презадоволни“, рече тренерот на репрезентацијата Димитар Ташков.
На нашите боксери влијае е големата пауза од тренинзи поради пандемијата на коронавирус.
Ipon.mk