На изборното Државно првенство во борење за кадети во Скопје во слата „Шабан Трстена“ 70 натпреварувачи од 9 клуба си ги одмерија силите, а најмногбу покажаа борачите на БК Лирија од Скопје кои освоија 5 први места, 2 втори и 5 трети. Потоа следат екипите на Балканец (2-3-5), Тефејуз (2-3-3), Бучим (1-0-2), Спартак (0-0-1), 7 Мај Леов (0-1-0), Неготино (0-0-2) и Борец (0-0-2).
Борачи што се истакнаа со својата техника и надмоќност се Фиданчо Јованов, Армин Идризи, Минир Реџепи, Мартин Стојанов…
Во финалето се издвоија неколку борби по својот квалитет и допадливост, но и неизвесност проткаена со пресврти.
Во категоријата до 50 кг клупските другари Армин Идризи и Амар Мурат од Тефејуз водеа интересна борба, која му припадна на Идризи 6-0, а претходните три ги доби со технички туш, додека до 69 кг Фиданчо Јованов (Бучим) губеше 0-4 против Серхан Шакиров (Балканец), направи целосен превсрт и стана шампион. Уште еден дуел на борачите на Тефејуз ги возбуди клупските страсти, бидејќи Буњамин Нуиши (- 76 кг) водеше со 4-0 и во истата минута е поразен со туш од Рамадан Мустафовски. Исто така и Реџепи Минир (Лирија) и Ефтимов Столе (Спартак) до 63 кг водеа занмилива борба, а не се штедеа борачите на Неготино и Балканец во категоријата до 85 кг Димитар Вандов и Дарко Иванов. Жилава борба имаа Хали Османи и Мартин Стојанов. Елмедин Сејфула беше пресилен за своите противници, бидејќи брзо ги завршуваше борбите, или со туш или со технички туш.
Првенството ќе имаше поголема масовност и квалитет ако се појавеа борачите на Вардар. Поради настапот на Европското првенство за младинци до 23 години во Полска на неговите борачи и зафатеноста на тренерот Љубиша Пешко.
42 кг – 5 учесници
1. Халит Османи (Лирија)
2. Мартин Стојанов (Балканец)
3.Бекиров Емре (Балканец)
3. Мијалев Бобан (Балканец)
46 кг – 3 учесници
1. Фати Вејсели (Лирија)
2. Бесар Љумнани (Лирија)
3. Фуркан Амедовски (Тефејуз)
50 кг – 11 учесници
1. Армин Идризи (Тефејуз)
2. Амар Мурат (Тефејуз)
3. Шаип Брава (Лирија)
3. Рамани Кујтим (Тефејуз)
54 кг – 7 учесници
1. Елмедин Сејфулау (Лирија)
2. Теодор Темелкоски (7 Мај Леов)
3. Ѓорги Божинов (Бучим)
3. Исмаили Астрид (Лирија)
1. Реџепи Риад (Лирија)
2. Бесми Амети (Тефејуз)
3. Демиров Нешат (Балканец)
3. Фуга Муаз (Лирија)
3. Басри Јусуфи (Лирија)
63 кг – 12 учесници
1. Реџепи Минир (Лирија)
2. Ефтимов Столе (Спартак)
3. Буровски Јане (Неготино)
69 кг – 9 учесници
1. Јованов Фиданчо (Бучим)
3. Буровски Иле (Неготино)
3. Абдул Фета Османи (Лирија)
76 кг – 4 учесници
1. Мустафовски Рамадан (Тефејуз)
2. Буњамин Нуиши (Тефејуз)
3. Тодев Петар (Балканец)
3. Харалампиев Иле (Балканец)
85 кг – 5 учесници
1. Вандов Димитар (Неготино)
2. Иванов Дарко (Балканец)
3. Имери Бурхан (Тефејуз)
3. Иванов Мите (Бучим)
100 кг – 5 учесници
1. Величковски Дарио (Балканец)
2. Буњамин Сејфули (Лирија)
3. Џуклев Јорданчо (Борец)
3. Јорданов Диме (Борец)
ipon.mk/В.Д.