Јован Врклевски е првиот финалист на Балканското карате првенство – Недим Шаќири освои бронза

Јован Врклевски е првиот финалист од македонските каратисти на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево, Босна и Херцеговина.

Јован (-57 кг) во кадетска конкуренција до финалето имаше доминантен настап со пет победи.

Недим Шаќири (-60 кг, У-21) освои бронзен медал во досегашниот дел од натпреварите. Недим имаше одличен настап во репасажот извојувајќи три победи за медал.

Јована Манчевска во кати (У-21) е петта.

Резултати:

-57 кг кадети
Јован Врклевски – Николаос Стергиос (Грција) 10-0
Јован Врклевски – Стефан Казаку (Романија) 10-0
Јован Врклевски – Кавусан Асил (Турција) 1-2 (8-0) но е дисквалификуван
Јован Врклевски – Омер Хаџиќ (БиХ) 2-0
Јован Врклевски – Даниел Бурназ (Романија) 6-3
Финале
Јован Врклевски – Дарис Џафо (БиХ)

-60 кг У-21
Недим Шаќири – Бајрам Анил Есер (Турција) 0-6
Репасаж
Недим Шаќири – Вук Бјелица (БиХ) 5-0
Недим Шаќири -Умут Мелих Ердоган (Турција) 8-0
За бронза
Недим Шаќири – Дијар Хасаноглу (Турција) 8-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON