Вчера се одржа 14. Државно првенство во кендо во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, кое беше отворено за сите категории: пионери, кадети, јуниори, девојки, сениори и екипно.
Резултати – Државно првенство:.
Пионери -7-12 год
1.Михаил Миленковиќ – Јошин
2.Меланија Крстевска – Јошин
3.Марко Петрески – Охрид
3.Максимилијан Климоски – Јошин
Борбен Дух – Лука Ангеловски
Кадети
1.Димитар Крстевски – Јошин
2.Матеј Илиоски – Јошин
3.Гордан Чоланчевски
3.Јована Андоноска
Борбен дух – Давид Алексовски
Јуниори
1.Димитар Крстевски
2.Матеј Илиоски
3.Никола Кузмановски
Сите од Јошин
Девојки
1.Ангела Атанасовска
2.Јована Андоноска
3.Меланија Крстевска
Сениори
1.Александар Кесковски – Вардар
2.Матеј Ивановски – Јошин
3.Александар Петрески – Охрид
3.Олег Бичковски – Јошин
Борбен дух – Глигор Дубровски – Тенгу
Владимир Пешков – Вардар
Екипно
1.Јошин
2.Вардар
3.Охрид
3.Тенгу
„Конкуренцијата беше силна, и имаше многу неизвесности но шампионите во своите категории успешно ги совладаа препреките до врвот. Имаше одлични борби во сите категории а тоа беше забележано и од страна на српските арбитри Иван Јовановиќ (претседател на Кендо федерацијата на Србија) и Емина Јовановиќ, кои беа гости и асистенти на натпреварот“, велат од Кендо федерцаијата и додаваат:.
„Натпреварот ја затвори успешната календарска година, но во јануари продолжуваме со подготовки за интернационалните турнири во Грција и Романија, Балканското првенство во Подгорица во април и Европското првенство Лиден, Холандија, кое ќе се одржи во мај“.