Македонскиот Kендо клуб зен кендо доџо „Јошин“ го освои кендо шампионатот во Солун!
Денес, во екипните натпреварувања на интернационалниот турнир во „Солун опен“, Грција, нашиот кендо клуб „Јошин“ го освои златниот медал, освојувајќи го трофејот на ова престижно кендо натпреварување.
Нашиот тим во состав Атанасовски Андреј, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски, Александар Петрески, Бондиков Александар и Горан Петровски предводени од тренерот Златко Кесковски во финалето се бореше против клуб од Атина, еден од најдобрите клубови во Грција, добивајќи го мечот со енчо борба од страна на Владимир Кесковски.
Со овие успеси, Македонската кендо федерација покажува голем напредок зад кој стои континуирана работа, како и посветеност и тренинзи на нејзините клубови и поединци.
Вчера во индивидуална категорија репрезентативецот Владимир Кесковски го освои првото место во поединечна конкуренција, додека Ивона Лазаровска го освои 3 место за жени – кју.
Кесковски Златко ја освои вицешампионска титула во категоријата ветерани. Атанасовски Андреј, Матеј Ивановски и Александар Петрески стигнаа до четвртфиналните натпревари.
Ipon.mk/В.Д.