Изминатите денови во Скопје во работна посета на Националната боксерска федерација на Македонија и на Министерството за спорт беше првиот човек на Европската боксерска федерација, Јоанис Филипатос.
„Нашиот гостин беше запознаен со работата на новото раководство на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, како и ново избраниот министер во Министерсвото за спорт, Борко Ристовски“, велат од НБФ истакнувајќи дека се разговорало и за идните планови, соработка и реализација на најавените нови проекти во областа на боксот.
„Уште еднаш, како Национална боксерска федерација, изразуваме голема благодарност за несебичната и огромна подддршка за развој на боксот од страна на министерот за спорт Борко Риствовски“, нагласуваат од НБФ.